Skip to main content
Свет

Потпретседателот на Иран: Нема да се откажеме од Ормускиот теснец по никоја цена

15/05/2026  08:29

Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф изјави дека Ормутскиот теснец му припаѓа на Иран и дека Иран „нема да се откаже од него по никоја цена“.

„Нема да се откажеме од Ормутскиот теснец по никоја цена. Ормутскиот теснец ни припаѓа пред сè нам. Тој отсекогаш бил наш имот, иако некое време не го користевме добро она што ни припаѓаше“, рече Ареф, според иранската телевизија „Прес“ .

Истовремено, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, вели дека Техеран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормутскиот теснец и ги обвинува САД за предизвикување блокада во регионот. „Ормутскиот теснец е отворен за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Аракчи во интервју за иранската државна телевизија Прес ТВ , според новинската агенција Тасним .