Skip to main content
Хроника

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

14/05/2026  23:10

На 13.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за сума од 152.000 денари.

Според пријавата, жената преку социјална мрежа и телефонски контактирала со едно женско и едно машко лице, кои подоцна дошле и во нејзиниот дом. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ обезбедат вработување во една од државните институции, по што во неколку наврати од оштетените зеле пари.

Откако не добила вработување, 47-годишната скопјанка сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата инволвирани во измамата.