Skip to main content
Скопје

Поставени столпчиња на „Фрањо Клуз“ во Стар Аеродром

26/07/2026  10:20

По бројните реакции за сообраќајниот хаос во Стар Аеродром, пред неколку недели биле поставени средишни столпчиња и на кракот од улицата „Фрањо Клуз“, каде со месеци наназад непрописно паркираните возила го отежнувале, а во одредени моменти и целосно го блокирале сообраќајот.

Проблемот најчесто го создавале возила оставени „само накратко“ директно на коловозот, поради што останатите учесници во сообраќајот тешко се разминувале, а на улицата се создавале застои и хаотични ситуации.

Покрај средишните столпчиња, физички пречки се поставени и на тротоарите од двете страни, со што треба да се спречи паркирањето и да се овозможи непречено движење на пешаците и возилата.

Интервенцијата следува по сè погласните реакции на жителите од овој дел на Аеродром, кои подолг период укажуваат на недостиг од паркинг, преоптоварена инфраструктура и проблеми предизвикани од интензивната урбанизација.

Извор: Скопје инфо