Skip to main content
Македонија

Полуматуранти направиле хаос во Струмица – Костадинов им нареди веднаш да го исчистат плоштадот

09/06/2025  15:14

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска преку Фејсбук објава им се „закани“ и им нареди на полуматурантите и нивните наставници и директорите на училиштата да го исчистат отпадот, кои несовесно го оставиле зад себе на градскиот плоштад во Струмица.

Тој исто така додава дека „Ова не е молба. Ова е наредба“ и дека кој не постапи – ќе сноси последици согласно надлежностите.

Плоштадот не припаѓа на никого поединечно – тој е симбол на нашиот град. Ќе се почитува, или ќе се одговара. Ова е првиот тест за зрела генерација – или ќе го положат, или ќе учат поинаку. Во Струмица владее ред. И така ќе остане“ се закани Костадинов.