Skip to main content
Скопје

Под контрола е пожарот во Даме Груев кој се прошири до Психијатриската болница

06/07/2025  21:04

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.

– Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка, соопштија од ЦУК.