
Полициски службеници од ОВР Виница по преземени мерки за расветлување на тешка кражба извршена на 19.11.2026 во приватна здравствена установа Виница во која на дел од вработените им биле одземени нивни лични предмети од нивните шкафови, извршија претрес во домот на Г.П.(31) од Виница, со судска наредба, при што се пронајдени и одземени сите предмети кои потекнуваат од истото кривично дело.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.

