Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

06/07/2025  21:20

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и отивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80″, „Хермелини” и „Пинцгауери” кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа”, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар.”,рече премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот” во Дневникот на Сител телевизија.
Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.