Skip to main content
Македонија

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

05/09/2026  13:14

Во државата до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се ставени под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, кој се проширува и на територијата на Косово, кај селото Белица во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Подгорци во Општина Струга, во населбата Бедиње во Куманово и на месноста Чавкарник над Маврово во Општина Маврово-Ростуше.

Под контрола се пожарите меѓу селата Буринец, Локов и Селци во Општина Струга, кај селото Брезница во Општина Македонски Брод, во реонот на селото Копаница во Општина Сарај, кај месноста Рамно во Општина Чучер-Сандево, како и пожарите на депониите во Кратово и Делчево.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино и на улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба.