Skip to main content
Скопје

Отстранети диви депонии во скопските општини Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров

21/03/2025  10:43

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

Интервенирано е и на улицата „Борис Сарафов“во скопската општина Ѓорче Петров, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.

Воедно, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе интервентни дежурства во општината Ѓорче Петров, при што се извршени едукативни разговори со дваесетина граѓани затекнати при непрописно одлагање отпад.