Skip to main content
Македонија

АВМУ најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите

21/03/2025  10:45

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите.

Истовремено, Агенцијата повторно ги потсетува медиумите при креирањето на својата програма да обрнат исклучително внимание на содржините на емисиите, филмовите и сериите, особено на тоа какво значење можат да добијат во контекст на овие чувствителни моменти.

– Информациите и содржините кои се објавуваат да бидат соодветни на денови на жалост и истовремено да ги почитуваат највисоките професионални и етички новинарски стандарди, се додава во соопштението.