
Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизирање на јавните површини. Во повеќе населби се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а постојните бетонски клупи добиваат нови дрвени седишта.
Паралелно, интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење.

Чекор по чекор, го уредуваме Аеродром и создаваме општина во која секојдневието е поубаво и поквалитетно за сите генерации.


