Skip to main content
Скопје

ООУ „Петар Поп Арсов“ доби сензорна соба

31/08/2026  15:06

Во ООУ „Петар Поп Арсов“ денеска беше отворена нова сензорна соба, наменета за подобрување на условите за работа и развој на учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка. На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и донацијата со која се збогатуваат условите во училиштето.

Сензорната соба е донација од Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ од Скопје, а вкупната вредност на донацијата изнесува 134.997 денари. Со оваа иницијатива, просторот е опремен со различни реквизити и дидактички помагала кои овозможуваат стимулирање на сетилата, развивање на моторичките способности и создавање пријатна и безбедна средина за учениците. Во рамки на донацијата се обезбедени повеќе реквизити. Имено, посебната просторија содржи соодветна подлога за дечињата,  платнена лулашка, трамболина со рачка, проектор „Ѕвездено небо“,  душек, сензорно огледало “, меки ѕидни панели, графомоторичка табла, прилагодлив  тунел и магнетни плочки. Донацијата го опфаќа и поставувањето, односно монтажата на сензорната соба.

Со отворањето на овој простор, ООУ „Петар Поп Арсов“ добива дополнителни можности за реализација на активности прилагодени на индивидуалните потреби на учениците, со цел унапредување на нивниот развој, учењето и благосостојбата. Иницијативата претставува пример за значењето на соработката меѓу образовните институции, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во создавањето поинклузивна и поддржувачка училишна средина.