
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.
Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.
Мицкоски ја премина секоја граница.
Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.
Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село.
Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски.
Денеска очекуваме со истата брзина.
Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени.
Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО – Наско Димитриев.
Значи – лесно ќе ги пронајдат.
Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.
Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа.
Без селективност.
Без заштита.
Насилството по налог не смее да помине неказнето – Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски.


