Skip to main content
Македонија

Облачен почеток на неделата со локален дожд, во Скопје до 12 степени

09/11/2026  08:06

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска, понеделник, 9 ноември, во Македонија. Врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Според прогнозата на УХМР, утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од утрински 6 до максимални 12 степени.

Од вторник се најавува постепено затоплување, со променлива облачност и услови за утринска магла во одделни котлини. Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.