Skip to main content
Македонија

Николовски: Oдземени се 97 од 643 проверени градежни и урбанистички лиценци

21/03/2025  13:04

Се извршуваат контроли на сите издадени лиценци од страна на сите министерства и сите институции кои издаваат лиценци од било кој тип, информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Во однос на контролите во Министерството за транспорт и врски, Николоски рече дека веќе се почнати контролите на лиценците според Законот за градење и за урбанистичко планирање и проектирање и тоа на изведувачи на градби од прва и втора категорија што подразбира надзор, преоктирање на градби и ревизија на градби, управител на градба…

– Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците – рече тој.

Тој рече и дека ќе се направи и ревизија на сите закони со кои се направени олеснувања за издавање лиценци.