Skip to main content
Македонија

Нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи до крајот на неделава

07/05/2025  12:46

Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.

Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.