Skip to main content
Македонија

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја “пие” водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

19/09/2026  13:35

Соопштение за јавност на СДСМ:

Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката.

До вчера дата-центрите беа иднина без последици.

Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон.

Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија.

Се разбира. Физиката не е кампања.

Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа “јаде” струја.

Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима. 

Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не.

Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата” технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште “пожедно” на киловати електрична енергија.

Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен.

Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата.

А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија.

Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија.

Дата-центарот е нова станица на истата мрежа.

Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера.

Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција.

Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата.

Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели – кој прашува на темата е од 19 век.

СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон.

Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата.

СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија