
Пожар избувна на електрична бандера во Куманово, во непосредна близина на гимназијата „Гоце Делчев“.
Според информации од местото на настанот, на терен пристигнала екипа на противпожарната служба за да интервенира и да го стави пожарот под контрола.
Очевидци тврдат дека пожарникарите немале соодветна опрема за интервенцијата и дека биле принудени да позајмуваат противпожарни апарати од возила кои се наоѓале во близина.
Засега нема официјални информации што го предизвикало палењето на бандерата, ниту дали има прекин во снабдувањето со електрична енергија во околината.


