Skip to main content
Свет

Напад на Парадата на гордоста во Берлин, едно лице загина

26/07/2026  09:43

Едно лице загина, а 16 други се повредени откако возач со автомобил удрил во луѓе во близина на парадата на гордоста во Берлин. Тројца од повредените се животозагрозувачки, осум се сериозни, а петмина имаат полесни повреди, соопштија пожарникарите.

Според првичните извештаи, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен, а потоа се судрил со дрво. Потоа возачот го напуштил возилото и избегал, изјави портпаролот на берлинската полиција, Флоријан Нат. Потрагата по напаѓачот сè уште е во тек. 

Сведоците изјавија дека вчерашниот инцидент ги потсетил на нападите со возила во Берлин во 2016 година и во Магдебург во 2024 година.

Ова се два од најозлогласените напади со возила во Германија, во која се регистрирани десет вакви инциденти во последните десет години.