
Најмалку три лица го загубија животот, четворица се повредени, а 39 се водат како исчезнати во пожар во фабрика за слатки во западниот дел од островот Јава во Индонезија.
Пожарот избувна синоќа, а операцијата за пребарување и спасување продолжува денеска.
Петнаесет лица се спасени, од кои четворица се пренесени во здравствени установи.
Фабриката е во сопственост на кондиторската компанија „Фонуа Агунг Мулија“, која се наоѓа на околу 50 километри од Џакарта, во округот Серанг – изјави претставник на спасувачките служби.
Причината за катастрофалниот пожар засега не е позната. Надлежните институции започнале истрага за да утврдат како избувнал огнот и дали функционирале противпожарните системи во фабриката.

