Skip to main content
Спорт

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

22/11/2026  08:49

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот ја забележа четвртата победа во последните шест трки.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Ферстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот на Ферстапен.

На крајот Расел доживеа катастрофа, направи грешка во претпоследниот круг и траката ја заврши на деветтото место. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.