
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и оваа година ја обнови лиценцата на Пакомак за постапување со отпад, откако уште еднаш, 15-та година по ред го одобри годишниот извештај на компанијата. Министерството позитивно ја оцени работата на Пакомак во изминатата година и потврди дека компанијата ги остварила, па дури и ги надминала поставените национални цели.
Позитивната оцена за годишниот извештај на Пакомак за 2025 година се должи на континуираната активност на компанијата во изминатите години, инвестициите во насока на подобрување на процесот на постапување со отпадот, но и спроведените едукативни кампањи кои помагаат да се подигне јавната свест кај населението.
Ако сакате да бидете успешни во управувањето со отпад од пакување мора најмалку 80% од своите годишни приходи да ги реинвестирате или да ги вратите назад во општеството. Ова е формулата за успех на Пакомак, компанија која веќе 15 години со голема ефикасност е главен постапувач со отпад на територијата на нашата земја.
Во текот на 2025 година преку системот на Пакомак се собрани 68% од пријавениот отпад од пакување. Преведено во тежина, тоа значи дека се собрани 37.655 тони амбалажен отпад за една година. Секој собран тон и зголемен процент кој го дава законодавецот како годишна цел значи и дополнителна инвестиција од страна на Пакомак. А оптимистички се и очекувањата за оваа година, бидејќи Пакомак очекува да собере и да ја исполни законската обврска од 69% од амбалажниот отпад во текот на 2026.
За отпадна инфраструктура од типот на контејнери, машини и канти за отпад се одвоени 73% од буџетот на Пакомак, што е за 8% повисок влог од иницијално поставениот законски минимум кој го налага државата. Меѓутоа, со континуирано инвестирање во нова опрема и нови садови за отпад, Пакомак ги подобрува условите на терен и го прави правилното одложување на амбалажниот отпад полесно за сите.
Притоа, компанијата вложува над 10% од компанискиот буџет во активност за подигање на јавната свест, што е сума двојно поголема од поставениот законски минимум. Но, едукацијата помага луѓето да дознаат која е нивната улога во заедницата и што можат да направат и како да се однесуваат за да живеат во чиста животна средина.
А покрај сопствените вложувања и одржувањето на отпадната инфраструктура во земјата, Пакомак соработува и со 68 од вкупно 80 општини во земјата, со цел да им помогне да обезбедат подобри услови за одржување на чиста и здрава животна средина. Таков е, на пример, случајот со Повратните вендинг машини (ПВМ) кои се поставуваат во урбаните и високопрометни делови во општините. Тие овозможуваат граѓаните чисто и едноставно да го одложат својот отпад и притоа да добијат „зелени поени” како награда, кои потоа можат да ги искористат за разни плаќања, попусти или донации. Дел од овие општини дури ги стимулираат „зелените поени” за нивните граѓани да добијат уште поголема вредност од правилното одложување на отпадот. А за возврат, Пакомак постојано ја истакнува и наградува проактивноста на општините преку донации за зајакнување на инфраструктурата и со прогласување на „НајЕко Општина во земјата”.
За успешно управување и преработка на отпадот на национално ниво потребно е да се вложи многу труд, знаење, напорна работа, и се разбира, финансиски средства поради тоа што рециклирањето се врши надвор од земјата. Но, потребна е и силна волја и истрајност за да се опстои во еден динамичен свет кој постојано ги менува своите навики. За среќа, ова го препознава Министерството за животна средина и просторно планирање, кој уште еднаш даде позитивна оцена за работата на Пакомак.
Во оваа гранка законот не дозволува делење на дивиденди од евентуални добивки и нема големи заработки, туку успехот се гледа директно на терен – во околината и во задоволството на луѓето кои живеат во неа. Ова претставува само мотивација за Пакомак, компанија која со своето учество во ланецот на селектирање на отпадот активно ја подобрува еко состојба на нашата земја и има позитивно влијание на навиките на луѓето.

