![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/mvr-vrabotuva-50-diplomci-165439.jpg)
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави.
Министерството ја информира јавноста дека во насока на ефикасно, планско и координирано делување а по утринските пријави за упатени закани по електронски пат беше формиран и оперативен штаб и беа ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби.
Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување од секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава.