
Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба на претседателите на Русија, САД и на Кина – Владимир Путин, Доналд Трамп и Шји Џјинпинг, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Сепак, пред да започне подготовката на евентуалната средба, потребно е да се утврди каква би била нејзината агенда, рече Рјабков.
„Главното прашање е како ќе биде формулирана содржината на средбата и што можеме да очекуваме како резултат“, додаде тој.
Идејата за таква средба претходно овој месец ја спомена советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Тој рече дека Путин, Трамп и Шји би можеле да се сретнат на самитот на Азијско-тихоокеансаката економска соработка (АПЕК) што во неомври ќе се одржува во Шенжен, Кина.


