
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.

Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг.
ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, истакна Мицкоски на прес-конференција.
Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Народот, рече, одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината.

Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.
