Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-тина луѓе, но без резултати

29/09/2026  09:58

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју во емисијата „Под лупа” на ТВ „Алфа” ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста на владината делегација во Њујорк, посочувајќи дека токму во времето на владите на СДСМ и ДУИ делегациите биле многу побројни.

„Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДС и ДУИ, за првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот — ако се сеќавате кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби броеле делегациите 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од таа бројка, можеби помалку од половина од таа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан — еден таков во годината што се одржува — и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на коишто повеќе луѓе треба да бидат присутни. На една група настани беше министерот Сали, на една друга група настани беше министерот Муцунски, паралелно со ова се одвиваа и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па дојде и министерката за финансии”, рече Мицкоски.