Skip to main content
Скопје

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување, ги зајакнуваме врските со Арберешите преку конкретна соработка

06/09/2026  18:52

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес во Општина Чаир прими делегација на Арберешите од Вакарици, предводена од градоначалникот Антонио Помило, во рамки на нивната прва посета на Северна Македонија.

На средбата се разговараше за историските, јазичните и културните врски со Арберешите, како и за можностите овие врски да се унапредат преку институционална соработка. Во таа насока, беше разгледана можноста за збратимување на Чаир и Вакарици, како и за организирање заеднички културни активности и иницијативи меѓу двете општини.

„Со Арберешите нè поврзуваат долга историја, јазикот и наследството што тие го зачувале низ генерациите. Денес сакаме на овие врски да им дадеме и нова димензија преку соработката меѓу нашите општини. Верувам дека оваа посета е добар почеток кон збратимување и соработка која ќе продолжи со конкретни иницијативи и заеднички проекти меѓу Чаир и Вакарици”, изјави Меџити.

Дел од разговорите беа и теми од значење за Албанците во Скопје, меѓу кои албанските имиња на улиците во Чаир и Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза”, како еден од најзначајните проекти за високото образование на албански јазик во земјата.