Skip to main content
Хроника

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол

03/09/2026  17:42

На 03.09.2026 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад – „Task Force” ги лишија од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од с.Делогожди, струшко.

При извршен преглед кај нив, кај Е.К. бил пронајден пиштол.

Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.