
Пишува: проф. д-р. Иван Анастасовски

Факт е тоа дека Македонија денес нема недостиг од политички партии, нпротив ги има во избилие. Нашата Македонија има недостиг од нова општествена енергија, која преку нови идеи и не само нови туку реализирани слободоумни луѓе кои ќе ја вратат политиката таму каде што треба да биде во служба на граѓанинот и државата.
Нашиот политички простор со години се движи во круг. Се менуваат имиња, коалиции и лица, но премногу често останува истиот начин на политичко размислување: поделби, партиски интереси, кадровски пресметки и борба за власт. Резултатот е чувство дека огромен број граѓани немаат вистински простор во кој ќе ги препознаат своите идеи, не е дека не се обидуваат од време на време, но и факт е тоа дека тоа не оди лесно, на пример сме ги имале „Шанса за Центар“ одлична идеја, Ред за Куманово интерсна опција, или пак еколошко движење Зелена иднина кои наспати ако не се лажам во Битола, луѓедури и ЗНАМ тргна како движење, но и она што ми остави силен впешаток е дебатите на нашите сограѓани албанци кко тпо се Проф. Љуљзим Фаризи и младиот Уједер Мухамеди кои манифестираат силни слобедни ставови насочени исклучиво кон напредок на нашата заедничка Македонија, а сакм да верувамдека вакви луѓе ги има насекаде низ Македонија од сите етнички и социјални групи исто така насекаде не има добри и лоши, позитивни или негативни, партиски или неопределни, чесни и криминални но сите сме припадници и граѓани на наша заедничка Македонија.
Па затоа можеби срамежливо но сепак е време да се отвора прашањето: дали е време слободноумните луѓе во Македонија да се организираат? Но, сепак тука треба да се раграничи една работа а тоа се суетите или поточно кажано без оглед дали лучето имаат почит едни ког други или не се на иста линија дури и се презираат, сепак треба да ги води еден интерес (тоа е политика) а тоа е да создаваат пред се развој за својат оптина а потоа и за нашата држава, таков оргнизран систем на слободни луѓе (без оглед на етничка припадност) со взмаено разбирање може да биде генератор на успех и програс на државата.
И тоа не треба да биде уште една политичка партија која ќе бара власт по старите правила, туку како нова граѓанска и општествена сила која ќе постави поинакви стандарди, а не борба за превласт во постојните политички партии. Оти ова го пишувам, факт е дека денес имаме силна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните колациони партии на која се обидуваат да им парираат постојните политички партии предводени од СДСМ и нивните сателити, одредени позитивни идеи од ЛДП и нормално реторичко силната Левица која ја гради својат позиција на напади кон ЕУ и НАТО.
Затоа нашиот слободноумен човек не мора да биде ниту лев, ниту десен, или пак конзервативен или либерален, тој едноствано треба да биде свој и може да си има свое различно политичко убедување, но треба да споделува една основна вредност: државата да биде посилна од партијата, институцијата посилна од поединецот, а знаењето поважно од партиската книшка.
Вакво нешто би можело да биде почетната точка за една поширока иницијатива. Иницијатива во која ќе има професори, лекари, инженери, претприемачи, земјоделци, студенти, работници, културни работници, спортисти, луѓе од бизнисот и граѓанското општество (или јас милусвам да ги викам прогресивци). Луѓе кои можеби никогаш нема да се согласат за сè, но можат да се согласат околу најважното: Македонија мора да оди напред.
Ова не треба да биде или идеја против некого, туку напротив треба да биде проект за некого и за нешто, тоа е: за функционални институции , за образование кое создава знаење, а не само дипломи, за економија која создава добро платени работни места, за јавна администрација во која професионалноста ќе биде поважна од партиската припадност, за спорт кој ќе биде развојна индустрија, а не само предизборна тема, за млади кои својата иднина ќе ја бараат во Македонија, а не само надвор од неа, за европска перспектива која ќе се мери со конкретни реформи и резултати. И пред се за институционална држава во која граѓанинот нема да зависи од тоа кој е на власт.
Каков нов политички модел ни треба? Можеби Македонија има потреба од движење кое прво ќе создаде идеја, програма и тим, а дури потоа ќе размислува за избори. Движење кое нема да бара од луѓето да се откажат од сопственото мислење, туку ќе ги обедини токму поради нивната слободоумност. Движење во кое никој нема да биде сопственик на идејата.
Секој граѓанин има право да создава нови идеи, да се организира и демократски да бара поддршка за нив. Можеби најголемата неискористена политичка сила во Македонија не се наоѓа во постојните партии, туку меѓу луѓето кои престанале да веруваат дека политиката може да биде поинаква. Токму тие луѓе треба повторно да се активираат, не за да создадат уште една поделба, туку за да создадат нова енергија за прогрес.
Јас сум убеден дека Македонија не може да очекува поинаков резултат ако постојано ги повторува истите политички модели. Затоа денес не ни треба уште една партија која ќе влезе во старата политичка матрица. Ни треба нова општествено-граѓанска енергија, создадена од луѓе кои мислат слободно, работат професионално и веруваат дека Македонија може да биде поуспешна, поуредна и посилна држава.За тоа се потребни реализација на 10 точки и тоа:
- Државата пред партијата – партијата е средство, а државата е заедничкиот интерес. Никој не смее да биде поважен од институциите, а ниту една партија не смее да биде поважна од државата.
- Знаењето пред партиската книшка, во Македонија треба да се создаде култура во која експертот ќе биде ценет по своето знаење, а не по политичката припадност. Компетентноста мора повторно да стане политички капитал.
- Младите не смеат да бидат публика, младите не треба да бидат само гласачи на секои четири години, тие треба да бидат носители на политики, идеи, претприемништво, технологија, спорт, образование и јавен живот. (примерот на Србија со студентска листа)
- Економијата мора да биде центарот на развојот, политиката не треба да се мери само според бројот на закони што ги донела. Таа треба да се мери според тоа: колку нови работни места создала, колку инвестиции привлекла, колку платите пораснале и колку подобар живот има граѓанинот.
- Институциите мора да бидат посилни од луѓето, силна држава не е онаа во која еден човек може да реши се, силна држава е онаа во која институциите функционираат и кога политичарите се менуваат.
- Борба против корупцијата преку систем, корупцијата не се победува само со политички говори, се победува со транспарентност, професионални институции, дигитализација, независна контрола и јасна одговорност. Никој не смее да биде недопирлив.
- Македонија мора да има долгорочна стратегија, не можеме секои четири години да ја започнуваме државата од почеток. Неколку пати сум напишал дека ни е потребен национален развоен консензус за образование, економија, инфраструктура, здравство, спорт, дигитализација, демографија и нормално европска интеграција.
- Политичката различност не смее да значи непријателство, слободоумните луѓе нема секогаш да мислат исто. И токму тоа е нивната сила. Демократијата не значи сите да мислиме исто. Таа значи да можеме различно да мислиме и сепак заедно да работиме за јавниот интерес.
- Македонија мора да престане да ги губи своите најдобри луѓе, нашиот најголем ресурс не е само земјата, инфраструктурата или капиталот. Тоа се луѓето, ако младите, професионалците и претприемачите својата иднина ја гледаат надвор, тогаш мора да се запрашаме што не сме направиле правилно дома.
- Политиката мора повторно да стане јавна служба, на крајот, суштината е едноставна: Политиката не треба да биде професија за личен интерес, таа треба да биде одговорност кон граѓаните.

И ако сакаме вистински прогрес (што велеше еден пријател на татко ми “прогрес бара жртвување“), тогаш можеби треба да започнеме со една едноставна реченица: „Да не чекаме некој да ја промени Македонија, напротив мора да се организираме за да ја промениме со идеи, знаење и работа.“
