
Долгометражниот документарен филм „Југото оди во Америка“ од режисерите Филип Грујиќ и Алекса Борковиќ од денес ќе се прикажува во киносалите низ Србија, а ќе биде прикажан и во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија во текот на овој месец.
Филмот го почнува своето кинематографско патување во Крагуевац, Србија – градот каде што е произведено „Југото“, каде што ќе се одржи специјална проекција денеска со присуство на режисерот Филип Грујиќ.
Документарецот следи група миленијалци од Србија, кои се впуштаат во патување ширум САД во „најпаметниот автомобил“ од ова наше подрачје – Југото, како култен југословенски автомобил.
Филмот ја имаше својата светска премиера на еден од најважните светски фестивали за документарен филм, „ЦПХ“ во Копенхаген, Данска. Потоа, на фестивалот „Белдокс“ ја освои наградата од публиката и специјалното признание во „Тин“ селекцијата.



