Skip to main content
Свет

Катарскиот премиер Ал-Тани го обезбедил договорот за прекин на огнот меѓу Техеран и Тел Авив на предлог на САД

24/06/2025  09:54

Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, го обезбеди договорот на Техеран за предлогот на САД за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Иран за време на разговорите со иранските претставници, изјави за Ројтерс функционер запознаен со разговорите.

Телефонскиот повик се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп му соопшти на катарскиот премиер дека Израел се согласил на прекин на огнот и побарал помош од Доха за да го убеди Техеран исто така да се согласи на договор за прекин на огнот, рече функционерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но по тоа двете страни испукаа нови ракети.

Доналд Трамп објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.