Skip to main content
Свет

Канадскиот премиер: Ќе го уапсам Нетанјаху ако дојде во Канада

21/10/2025  18:42

Израел го повика канадскиот премиер Марк Карни повторно да го разгледа своето ветување дека ќе ја почитува потерницата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за премиерот Бенјамин Нетанјаху ако дојде во Канада.

„Веруваме дека премиерот Карни, секако, треба повторно да го разгледа ова и да го поздрави премиерот Нетанјаху, лидерот на единствената еврејска држава и демократска земја на Блискиот Исток доколку допатува во Канада“, изјави портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан.

МКС минатата година издаде потерница за Нетанјаху за воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа. 

Израел ја отфрла надлежноста на судот во Хаг и ги негира воените злосторства во Газа.

Бедросијан рече дека одлуката на Канада да признае палестинска држава е „награда за тероризмот“ и „само додава масло на антисемитскиот оган во Канада“.