Skip to main content
Македонија

Ја чекал да остане сама, па ја избодел со 10 убоди додека спиела – детали за хоророт во Битола

14/05/2026  20:39

Основното јавно обвинителство во Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен маж, осомничен за кривично дело – убиство при вршење семејно насилство.

Како што наведуваат од обвинителството, тој претходно се осигурал дека таткото на жртвата не се наоѓа во домот каде што живеела жената, по што влегол во куќата додека таа спиела. Осомничениот се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож по телото, од кои таа починала на лице место.

Од Основното јавно обвинителство посочуваат дека станува збор за квалификувано кривично дело согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик – убиство при вршење семејно насилство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Случајот повторно ја отвори темата за семејното насилство и заштитата на жртвите, особено во ситуации каде има претходни партнерски односи и малолетни деца.