Skip to main content
Македонија

Заловени 96 крави во Крива Паланка, АХВ пријавува опструкции од поранешните сопственици

18/11/2026  23:14

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега заловила 96 говеда во Крива Паланка во рамки на акцијата за решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на животните.

Според АХВ, непристапниот терен го отежнува заловувањето, а екипите на терен се соочуваат и со опструкции од поранешните сопственици на говедата.

Агенцијата соработува со локалната самоуправа и со другите надлежни институции за да се најде трајно решение. Секоја институција, посочуваат од АХВ, треба да постапува во рамки на своите законски надлежности.