Skip to main content
Хроника

Измама со продажба на возила: Три лица оштетени за 80.500 евра

07/03/2025  16:19


На 06.03.2025, во СВР Скопје, 63-годишник од Охрид, 47-годишник од Куманово и 37-годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ. (59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје.

Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за патничко возило „ланд ровер” со охридски регистарски ознаки и две патнички возила „тојота”, двете со кумановски регистарски ознаки. Меѓутоа, договорената сума за секое возило поединечно не им била исплатена во определен рок, со што биле оштетени за вкупна сума од околу 80.500 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.