Skip to main content
Балкан

Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите

16/06/2025  13:30

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во САД и да се жали на друга земја. „Луѓето немаат време за тоа“, вели Хил кој смета дека очекувањата се регионот сам да почне да си ги решава проблемите.

Хил нагласи дека меѓусебното признавање не е на маса, туку дека тоа е нормализација, и дека верува дека „ЕУ излезе со прилично сериозен предлог во Охрид кој треба да се разгледа“, пренесува Танјуг.