Skip to main content
Хроника

Хаос во казино во Кисела Вода: Две лица напаѓале гости и вработени, кршеле инвентар и прскале со ПП апарати

28/09/2026  12:38

На 28.09.2026 во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.

Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.