Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен колапс на градот без преседан

19/02/2026  20:39

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. 

Посочи дека во изминатите 100 дена намален е долгот за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на приходите преку финансиска дисциплина. Напомена дека за два месеца решен е проблемот со неисплата на платите на вработените во јавните претпријатија, а во тек е и ревизија и реорганизација на градската управа која според него, треба да биде ефикасна и во служба на граѓаните.