Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Почна рушењето на „Тобако Али“

02/07/2026  14:14

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на својот профил на Фејсбук информираше дека започнало уривањето на објектот познат како „Тобако Али“.

Во кратката објава, Ѓорѓиевски напиша: „СЕ РУШИ ТОБАКО ‘АЛИ’“, додавајќи дека со добар збор и домаќински пристап може да се најде решение и за најсложените ситуации.

„Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, порача градоначалникот во својата објава.

Засега не се објавени дополнителни детали за текот на активностите или за динамиката на уривањето.