Skip to main content
Македонија

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење”

15/10/2026  21:32

„Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, обвинувајќи ја власта за неисполнетите ветувања за правда и за понижувањето на граѓаните со случајот со преминувањето на границата.

Филипче потенцираше  дека случајот претставува сериозно понижување за граѓаните и државата. 

„Овој скандал, ова договорено пуштање преку граница, е големо понижување за народот, за државата, за граѓаните, за сите нас. Денеска го слушам Мицкоски како вели дека кога-тогаш ќе одговарале. Какво потценување на сопствениот народ! Тоа значи никогаш, затоа што сѐ што ќе каже Христијан Мицкоски, тоа е една голема лага. Исто како што ветуваше гордост, додека клечеше и молеше за власт. Седна во фотелјата и што донесе? Само понижување”, порача Филипче од Брвеница.

Филипче постсети и на  Артан Груби, критикувајќи го односот на власта кон неговото пристигнување и заминување.

„Нас нѐ напаѓаат за Артан Груби, а тие како го дочекаа на граница? Со црвен килим и со камери, а како го пуштија? Со факели и со прослава. Па треба ли воопшто да се зборува за нивното лицемерие, за нивните лаги, за тоа што мислат тие за граѓаните? Го гледаат во очи народот и го лажат. Но, граѓаните не се наивни. Сѐ е на виделина, народот гледа и знае сѐ. Не поминуваат повеќе ни црните кампањи ни гебелсовските методи”, порача Филипче од Брвеница.