Skip to main content
Македонија

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

13/10/2025  20:39

„Што кажуваат фактите и  каква е реалноста во Виница?”, праша вечерва Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом” откога кажа дека тој нема што да каже, ниту еден проект кој го подобрил животот на граѓаните во Виница. 

Наместо развој, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска Виница има јавни претпријатија кои тонат во долгови и град полн со смет, повисоки комунални давачки и повисоки стапки за данок на имот.