Skip to main content
Македонија

Филипче: Очекувам сериозен план за евроинтеграциите од ВМРО-ДПМНЕ, не предлози од прес-конференции

18/07/2025  21:06

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик,  посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.

При тоа, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.

„ВМРО ДПМНЕ  треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.