Search

ФИФА ја предупреди Русија за стадионот во Самара

ФИФА официјално ги предупреди организаторите на Светското првенство во Русија дека ги очекува огромна работа за комплетирање на стадионот во Самара пред СП, кое почнува на 14 јуни.

На помалку од три месеци пред првиот меч на стадионот со 45 илјади седишта помеѓу Костарика и Србија уште нема поставено терен. Работата на „Самара арената“, еден од 12-те стадиони на кои ќе се игра мундијалот, постојано има некакви одложувања и проблеми.

„Во текот на целиот проект зборуваме за одложувања во Самара. Сега тие се поочигледни иако е направен прогрес. Останува уште многу работа, но важно е што имаме соработка со руските власти“, вели Колин Смит, одговорниот за натпреварувања во ФИФА.

На стадионот ќе се одиграат четири меча по групи вклучувајќи ја пресметката на домаќините со Уругвај, едно осмина-финале и едно четврт-финале.

Треба да знаете
Последни објави