
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е неутрализиран дрон со експлозив што ја таргетирал зградата на албанската влада.
„Пред два дена беше неутрализиран дрон со експлозив кој требаше да ја погоди владината зграда и да го запали внатрешниот двор“, рече Рама за време на обраќање во живо на неговата Фејсбук страница.
Тој нагласи дека ниту еден студент не би помислил да спроведе таков план и додаде дека во сè е вмешана „странска рака“.
Тој рече дека зад протестите стои странско влијание и директно ја спомена можната вмешаност на Иран.

За потсетување, насилните судири меѓу полицијата и демонстрантите траат во Тирана со денови , а албанскиот премиер Еди Рама го осуди присуството на „странски раце“ зад бранот протести, за кои тврди дека имаат за цел да го спречат пристапувањето на Албанија во Европската Унија (ЕУ).

