Skip to main content
Хроника

Два заталкани зрна од огнено оружје најдени во два објекта во Скопје

12/06/2025  18:18

Вчера до полицијата пристигнале две пријави за штета од заталкан куршум во скопска Гази Баба.

– На 11.06.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје, Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од полицијата.