Skip to main content
Хроника

Два автомобили излетале од патот, еден удрил во заштитна ограда, возачите тешко повредени

05/11/2025  14:28

На 04.11.2025 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат с.Форино–Гостивар, патничко возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) од с.Чегране, гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 04.11.2025 околу 12:15 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, на место викано „Чатал”- кратовско, патничко возило „фиат добло” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(34) од Скопје, удрило во заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.