Skip to main content
Македонија

ДУИ со Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026  17:46

ДУИ на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији, соопштија денеска од Мала Речица.

„Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница.

Веруваме дека Брвеница има голем потенцијал и заслужува раководство кое ги познава потребите на граѓаните и секојдневно работи на нивно решавање.

Аркин Јахији ќе биде гласот на секој граѓанин и партнер на секој што сака да придонесе за развојот и благосостојбата на општината“ стои во соопштението на ДУИ.

Изборите за градоначалник на Брвеница собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако досегашниот градоначалник почина кон крајот на месец јуни