
Соопштение за јавност на ДУИ:
Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата.
Изет Меџити – 0 седници.
Беким Сали – 0 седници.
Арбен Фетаи – 0 седници.
Вкупно: нула.
Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада.
Функцијата може да се нарекува „прв заменик-премиер“, може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но ако повеќе од две години не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата, тогаш легитимно е да се постави прашањето: што е „прво“ во оваа функција?
Во претходните влади, функцијата на замениците-премиери беше реален политички и институционален механизам на заедничко управување. Денес е сведена на декор.
И токму тоа е главното прашање: не колку функции добиле, туку колку одлучувачка моќ имаат во свои раце.
Бројката е немилосрдна: 0 претседавани седници со 0 одлучувачка моќ.


