
Соопштение за јавност на ДУИ:
За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период.
Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов притисок врз инфлацијата. Секој камион што носи стока до маркетите, секој автобус и секое работно возило денес чини повеќе. На крајот, сето тоа се пресликува во цената што ја плаќа граѓанинот.
Владата ги остави граѓаните сами пред најголемото поскапување на дизелот во последните години. Додека другите земји интервенираат со намалување на акцизите, субвенции и мерки за заштита на семејствата, кај нас цената се приближува до 100 денари, а платите и пензиите остануваат исти. По ова поскапување следува нов бран на поскапувања. Сметката ќе стигне во секој дом.


