Skip to main content
Македонија

До 13 часот има три активни пожари низ Македонија

10/08/2026  13:22

На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи

Активни пожари:
Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки);
Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација).

Пожари под контрола:
Општина Крива Паланка – на излез од Крива Паланка (депонија);
Општина Делчево – градска депонија (депонија).

Изгаснати пожари:
Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола (ниска вегетација);
Општина Велес – м.в. Кулата (нискостеблеста поретка шума и сува трева).